60 првачиња од ООУ “Кочо Рацин” Прилеп свечено станаа дел од Светската детска организација (ВИДЕО)

Повеќе од 60 првачиња од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп вчера свечено дадоа заклетва, ветувајќи дека ќе другаруваат, ќе се почитуваат и ќе учат заедно, станувајќи дел од Светската детска организација.

Свеченоста се одвиваше во весела атмосфера, со пригодна програма на Камената бина, во присуство на родители, наставници и ученици од повисоките одделенија.

Пристапувањето кон Светската детска организација се реализира во рамките на активностите по повод Неделата на детето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.