Повеќе од 60 првачиња од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп вчера свечено дадоа заклетва, ветувајќи дека ќе другаруваат, ќе се почитуваат и ќе учат заедно, станувајќи дел од Светската детска организација.
Свеченоста се одвиваше во весела атмосфера, со пригодна програма на Камената бина, во присуство на родители, наставници и ученици од повисоките одделенија.
Пристапувањето кон Светската детска организација се реализира во рамките на активностите по повод Неделата на детето.
























