55-годишната Ема и’ роди ќерка на својата ќерка: Сторија која ќе ви ги освои срцата (Фото)

Tрејси Смит има огромна причина да биде благодарна. Пред 8 недели, нејзината мајка Ема Мајлс и го подари на Трејси највредниот подарок – дете.

Мајката на Трејси, ја роди својата внука во Јануари како сурогат мајка.

31-годишната Трејси на 15-годишна возраст дознала дека е родена без матка, но нејзините јајници фукционирале нормално. Таа се одлучила да формира семејство и стапила во брак со нејзиниот сопруг Адам.

После среќниот настан Трејси рекла: “Не можам доволно да и се заблагодарам на мојата мајка за ова што го направи”.

“Мислев дека никогаш нема да имам свое дете, па тоа што ја имам Иви во моите раце е остварување на сонот”, додала таа.

“После дијагнозата, мојата мајка ми ја спомна идејата таа да го носи моето дете. На почетокот не размислив и не правев план за тоа”.

Во април 2014 година, Трејси го запознала Адам, а две години подоцна стапиле во брак.

“Помислата да имам свое семејство секогаш ми беше на ум. Му реков дека со мене тоа не може да се случи и се обидов да го оттурнам. Но, Адам ми рече дека ме сака само мене. Почнавме да стануваме практични и да размислуваме за начините на кои можеме да добиеме дете. Закажавме термин со специјалист во Универзитетската болница во Ковентри. Докоторот ни спомна за сурогат мајчинство. Тогаш се сетив на понудата од мојата мајка, а таа веднаш прифати”, вели Трејси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.