Стигна втората донација влезници од Австралија. На располагање на вљубениците на Победа се ставени 100 влезници за утрешниот натпревар од 16-финалето од Купот на Македонија, кој прилепчани го играат против Вардар.
Откако викендов Maрио Јосковски, прилепчанец од Австралија донираше средства за 115 влезници за натпревартот Победа-Саса, сега и Гоце Павлески од Сиднеј испрати донација за вљубениците во фудбалот.
100 влезници се ставени на располагање за секој оној кој сака да навива за Победа, а не може да си дозволи да купи влезница.
Билетите можат да се подигнат од “Гостилница кај Кекеле” и ве замолуваме иситете да стигнат само во вистински раце.
Секоја чест за нашинците од прекуокеанските земји и се надеваме дека оваа традиција ќе продолжи и во иднина и ќе ја следат и други нашинци од дијаспората.