Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 нови случаи на вирусот Ковид-19, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната пресконференција. Од новорегистрираните случаи 8 се од Куманово, 4 од Скопје, 1 Тетово, 1 Струга и 1 од Штип.
Во изминатите 24 часа починаа две лица од Тетово на возраст од 65 и 69 години и еден пациент од Кочани.
Причината за намалениот број на регистрирани случаи, како што додаде министерот, се должи на намалените капацитети на работа во недела и дежурствата на медицинските лица.
Со ова бројката на регистрирани случаи од вирусот Ковид-19 ја стигна бројката од 570.