Прилепчани на врвот! Дадо Думаниќ го освои пехарот за играч на годината

Прилеп се најде на врвот на македонската покер сцена. Далибор „Дадо“ Думаниќ е прогласен за играч на годината за 2025 година, на традиционалната Awards Ceremony на Македонската покер федерација (МПФ).

Свеченото доделување, кое годинава се одржа по 15-ти пат, се одржа во престижниот SkyLounge во Limak Hotel во Скопје, во присуство на претставници и љубители на покерот.

Думаниќ едногласно го доби признанието за најдобар играч за 2025 година, со што уште еднаш беше потврден неговиот успех на македонската покер сцена.

Покрај него, уште едно значајно признание замина во Прилеп. Ице Боцески го освои златниот медал во онлајн лигата „Macedonian Open“, пред Андреја Андреевски од Скопје, кој го освои среброто. Бронзениот медал му припадна на Марио Мојсов од Велес.

Свеченоста продолжи со забава до доцна во ноќта, со настап на „Brass Brothers“, придружени од моделите на модното студио „Crnokrak“ и водителката Вера Мештеровиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.