Пониски цени на горивата од полноќ: Поевтинуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,85% во однос на одлуката од 28.9.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 2,885%, кај дизелот за 4,770%, кај екстра лесното масло за 4,384% и кај мазутот намалувањето е за 1,807%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,9101%.

Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V).

Од 6.10.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 98,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 100,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 108,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 49,597 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,285 ден/кг и сега ќе изнесува 49,597 ден/кг.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.