Над 300 натпреварувачи од 9 држави доаѓаат во Прилеп на големиот џудо турнир „Прилеп Град Херој-2026“

Прилеп во сабота, 10 октомври, ќе биде домаќин на еден од најголемите џудо настани во регионот. Во Спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи 16. Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2026“ – ЦЕВИТАНА КУП, во организација на Џудо клубот „Сеишин“ – Прилеп.

На турнирот се очекува да настапат над 300 натпреварувачи од 9 држави – Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора, Словенија и Македонија.

Турнирот традиционално се одржува по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, како дел од програмата за одбележување на националниот празник на ниво на Општина Прилеп.

На татамите ќе се натпреваруваат млади џудисти во категориите деца, помлади пионери и пионери, во машка и женска конкуренција.

Борбите ќе се одвиваат истовремено на четири борилишта, а покрај домашни, натпреварите ќе судат и судии од странство.

Свеченото отворање е закажано за 10:00 часот, додека борбите ќе започнат во 10:30 часот.

Прилеп и оваа година го продолжува спортскиот дух на „Градот Херој“, со уште еден голем меѓународен настан кој на едно место ќе собере стотици млади спортисти од регионот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.