10 ХОРОР ФИЛМОВИ КОИ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ГИ ДОГЛЕДАТЕ ДО КРАЈ (ВИДЕО)

Нетфликс oбјави листа од 10 хорор филмови кои се толку многу страшни, што ретко кој може да ги догледа до самиот крај.

Според Нетфликс, гледајќи ги овие филмови 70% од публиката пред време се откажале. Најголемиот дел од гледачите го исклучувале филмот пред неговиот финален дел, пишува “Форбс”.

Листата на десетте најстрашни филмови изгледа вака:

Cabin Fever (2016)

Carnage Park (2016)

México Bárbaro (2014)

Piranha (2010)

Raw (2016)

Teeth (2007)

The Conjuring (2013)

The Human Centipede 2: Full Sequence (2011)

The Void (2016)

Jeruzalem (2015)

Eден од филмовите кој со сигурност наскоро ќе се најде на оваа листа е шпанскиот филм “Вероника” на режисерот Пако Плаз.

Филмот е инспириран од вистинска приказна содржана во досиеата на полицијата од Мадрид, поврзани со мистериозната смрт на девојка која учествувала во култни ритуали.