Џудо клубот “Бушидо” со шест медали се врати од меѓународниот турнир во Бијелина

Џудо клубот “Бушидо” по втор пат зеде учество на Меѓународниот џудо турнир “Пантер Трофеја 2018”.

На турнирот учество зедоа над 800 натпреварувачи од повеќе држави.

Прилепчани од турнирот се вратија со пет медали:

Елеонора Илиоска се закити со златен медал во категорија помлади пионери.

Марија Талеска го освои третото место во категорија кадети.

Елена Малиноска трето место во категорија постари пионери.

Теодора Ристеска второ место во категорија кадети.

Румејса Фејзула која е член на џудо клубот “Ипон” од Скопје, ги бранеше боите на клубот “Бушидо” и го освои третото место во категорија кадети.

Сара Атанасоска трето место во категорија кадети.

На турнирот имаше и збратимување на џудо клубовите “Бушидо” од Прилеп и клубот домаќин “Пантер” од Бијелина, Република Српска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.