Ѕирнете во новиот дом на Кристијано Роналдо во Торино (ФОТО)

Роналдо е на чекор од потпис со Јувентус.

Огромна еуфорија го зафати Апенинскиот полуостров. Навивачите на “старата дама” желно го чекаат доаѓањето на најдобриот играч во светот во Торино.

Италијанските медиуми открија во која вила ќе живее Роналдо со своето семејство. Тоа е луксузната населба во која живееле многу познати фудбалери, но и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Илјада квадратни метри, осум купатила, базен и два тајни влезови, за да може да ги избегне досадните папараци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.