Ѕвездата на Парма во телото на Роналдињо: Новото засилување на култниот италијански тим постигна сензационален погодок (ВИДЕО)

Парма вчера во првиот меч од петтото коло во Сериа А на свој терен го совлада Каљари со резултат 2:0.

Најубавиот потег на мечот го направи Жервињо кога претрча 70 метри и го постигна вториот погодок на мечот.

Жервињо со денешниот спринт и дриблинг докажа колку и недостигаше на Сериа А. Со својот продор потсети на легендарниот Роналдињо, кој во многу наврати знаеше да постигне исти вакви погодоци.

Парма е сега на седмата позиција со исто толку бодови, додека Каљари падна на 14. позиција со пет освоени бода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.