Шведскиот пpeмиep си поднесе ocтавка

Шведскиот премиер Стефан Лофвен поднесе оставка и, најверојатно, ќе биде наследен од министерката за финансии, Магдалена Андерсон.

Лофвен, поранешен заварувач и синдикален преговарач, ја предводеше малцинската коалиција од 2014 година и на почетокот на годинава најави дека ќе се повлече пред следните избори, закажани за септември 2022 година, пренесува АФП.

Ако Андерсон стане премиерка, таа ќе биде првата жена на чело на шведска влада. Нејзе ќе ѝ треба поддршка од фрагментираниот парламент за да ја преземе премиерската функција.

Таа мора да биде поддржана од зелените, коалициски партнер на социјалдемократите, левицата и од центарот, кои се надвор од владејачката коалиција, но генерално ги поддржуваат предлозите на владата. Лофвен ќе ја предводи преодната влада додека не се избере нов премиер.

Во јули шведскиот парламент го реизбра социјалдемократот Стефан Лофвен за премиер, кој поднесе оставка еден месец претходно откога го загуби гласањето за доверба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.