Новите фотографии испратени до бугарските медиуми на 9-ти ноември го прикажуваат поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов како спие во државна резиденција со значителна сума на евра во фиока покрај креветот и пиштол на врвот на ноќната маса.
На една од фотографиите се гледа пиштолот оставен на масата, а до него има портокалов презерватив.
Фотографиите беа дистрибуирани само неколку дена пред предвремените општи избори на 14-ти ноември. Партијата на Борисов ГЕРБ, која владее со земјата 12 години, е фаворит на изборите, но сепак се очекува да освои помалку од една четвртина од сите гласови и да биде тешко да најде коалициски партнери за четврти мандат.
Фотографиите се испратени од анонимен испраќач до ток-шоуто „Евро Дикоф“ со е-пошта во која се наведува дека потегот е предизвикан од неактивноста на обвинителството откако беше објавен првиот сет фотографии во гангстерски стил во јуни 2020 година, кога Борисов уште беше на чело на државата, пренесува Интелињуз.
Нови снимки . Този път е използвал презерватив за да не се размножава . Похвално си е това . Следваща новина – брифинг на Тома Биков . @BoykoBorissov pic.twitter.com/s17NjmIePW
— BorisTheBlade (@Boris93242932) November 9, 2021
#Bułgaria ??: Na 4 dni przed (już 3. w tym roku) wyborami parlam. wyciekają kolejne zdjęcia z rządowej rezydencji, które mają przedstawiać ex-premiera @BoykoBorissov śpiącego obok pistoletu i banknotów 500 EUR. Jego partia @PPGERB prowadzi w sondażach z 7-8 procentową przewagą. pic.twitter.com/ZsWU7aEQiM
— Jakub Bielamowicz (@KubaBielamowicz) November 10, 2021