Чуден објект воочен во најголемата азиска пустина: Тоа што е откриено на Гугл мапс никој не може да го објасне (ФОТО+ВИДЕО)

На интернет се појави видео кое сугерира дека сервисот “Гугл мапс” случајно снимил тајна воена база во пустината Гоби, што предизвика големи полемики.

Блејк и Брет Казинс, познати теоретичари на заговор, на својот Јутјуб канал објавија до какво откритие дошле низ прегледувањето на Гугл мапс.

Воочиле таен објект во пустината Гоби, на северот од Кина, кој ги потсетува на воена база. На почетокот се’ изгледало како напуштена индустриска зона, но потоа здогледале нешто што наликува на писта или цела мрежа писти во чуден облик.

Тие се уверени дека се работи за некаква тајна вселенска програма. Набрзо се појавија и многу коментатори од кои еден се согласува дека се работи за воена база.

Други сметаат дека не постои место за било какви теории на заговор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.