Чкембари со историски и емотивен повик за во недела (ВИДЕО)

Сезоната во домашното фудбалско првенство ќе се затвори оваа недела со одигрувањето на бараж натпреварите за пополнување на Првата македонска лига по што ќе бидат познати сите учесници во новата сезона од битката за шампионскиот трофеј.

Бараж мечевите за пополнување на ПМФЛ ќе се одиграат в недела на 31 мај, а домаќини ќе бидат стадионите во Битола и Кавадарци.

На стадионот Петар Милошевски во Битола ќе се соочат АП Брера и Скопје додека на Градскиот стадион во Кавадарци се среќаваат Пелистер и Шкендија Арачиново.

Победниците во овие дуели следната сезона ќе бидат дел од елитното фудбалско друштво во Македонија додека поразените ќе настапат во Втората лига.

Почетокот на двата натпревари е закажан за 16 часот и 30 минути, а по тој повод навивачката група “ЧКЕМБАРИ” се обрати до фудбалските вљубеници преку моќно видео. Во прогласот на социјалните мрежи стои:

-ЦЕЛА БИТОЛА ЗА ТЕБЕ СПРЕМНА.
Постојат деној каде шо ништо не е битно освен честа на градот и грбот на клубот кој претставува гордост. Недела е тој ден, за нас посебен. Недела цела Битола сме клаени на тест, ќе не биди или нема да не биди. ЈАСНА порака до сите, превземете одговорност и бидете со вашите браќа кога е најпотребно, кога е најтешко. Да покажиме карактер и демонстрираме моќ како никогаш досега. ПОВИК ЗА МАСОВНОСТ, ПОВИК ДО ЦЕЛА БИТОЛСКА МЛАДИНА, ВЕТЕРАНИ И ВЕРНИ БИТОЛСКИ ВОИНИ, ОДИМЕ ВО ЛОВ НА ЗАЈАЦИ. Чкембарски собир во 12ч на бутки! Централен собир за сите ЧКЕМБАРИ, БИТОЛЧАНИ И МАКЕДОНЦИ во 15ч на плоштадот во Кавадарци!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.