Четири лица, меѓу кои и бебе, повредени во сообраќајка во Прилеп

Четири лица, од кои едно потешко, се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18:45 часот на улицата „Трајко Николоски“ во Прилеп.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко моторно возило „Рено Клио“ со прилепски регистерски таблици управувано од К.И.(40) од Прилеп, патничко моторно возило “Опел Корса“ управувано од С.М.(21) од Прилеп и паркирано товарно моторно возило “Застава 650 АД“ со струмички регистерски таблици.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.И., а со телесни повреди се здобиле С.М. и двајца сопатници од неговото возило Б.С. (29) и едногодишно дете, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.