Хан доби порака од цел Прилеп – “НЕ ЗА ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА”(ФОТО+ВИДЕО)

BeFunky Collage

Најмасовна поддршка за иницијативата “За заедничка Македонија” од Прилеп. Вечерва цел Прилеп маршираше и испрати гласна порака до Еврокомесарот Јоханес Хан: “Не за тиранската платформа”.

Моќна беше сликата под “Mаркови Кули”, гореа срцата на прилепчани, гореше срцето на градот херој, кој најсилно ја чувствува потребата да застане на браникот на одбрана на унитарноста на државата.

Под стотиците македонски знамиња и црвено-жолтата боја на македонското сонце, се пееја патриотски песни и се извикуваа пораки за зачувување на македонскиот јазик.

Наривот на емоции беше особено голем кога започна интонацијата на државната химна, кога ечеше небото над градот херој.

Пред граѓаните вечерва се обрати и внуката на Питу Гули, 77 – годишната Елена Гули, ќерка на Стерју Гули, како и професорот од гимназијата “Мирче Ацев” и претставник од здружението “Патриот” Дејан Стерјоски и старешината на резервистите од конфликтот во 2001 година од Прилеп, Марјан Михајлоски.

Протестите на прилепчани “За заедничка Македонија” продолжуваат утре, во истото време, 18 часот пред споменикот “Прилепски бранители”.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.