ФОТО: Судир на два камиони и автомобил пред Плетвар

Два руски камиони и еден автомобил „Цитроен“ со прилепски регистерски ознаки се судриле попладнево на местото Ленички мост на патот кон Плетвар, информираат од СВР Битола.

soob-pp-640x480

Според првичните информации повредени се лица кои се превезувале во автомобилот. Нивната бројка не е позната, но првично сите се наоѓаат надвор од животна опасност.

soob-pp1-640x853

Од СВР Битола додаваат дека увидот се уште трае од страна на полициски екипи од прилепската полициска станица во присуство во јавен обвинител.

Поради несреќа сообраќајот е во прекин во двата правци.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.