(ФОТО) Манастирот Св. Илија – Писокал во с. Кален, за утрешниот празник широко ги отвора портите

 

 

10271471_1380668018922685_3059515114773990069_n

Во живописните предели на прилепско Мариово, распространети се неверојатни предели, недопрена природа, убави места и стари светилишта.
Едно такво место кое е прегрнато во рацете на зеленилото и опкружено со чист воздух, мир и спокој, е манастирот во селото Кален, Св. Илија – Писокал. Селото Кален се наоѓа во северозападнито дел на Мариово, односно во пределот наречен Мало или Прилепско Мариово

Сместено недалеку од патот Прилеп-Витолиште, селото се издига на 640 метри надморска височина, а од Прилеп е оддалечено само 26км.
На духовниот повик на манастирот Св. Илија, се јавиле поголем број добронамерници, кои во изминатиот период го претворија ова светилиште во вистински рај за душата, уредувајќи се што може да се уреди и создавајќи едно вистинско ремек дело, кое вреди да се посети.

Манастирот има уреден двор, уредни конаци и нова кујна. Исто така направен е и резервоар за чиста вода, но недостига електрична енергија, па апелираме до секој оној што може да помогне, да даде придонес и да се овозможи и тоа.

Многу легенди, преданија и приказни, а можеби голем дел се и вистини, се поврзани со ова место. Манастирот го има називот Писокал поради како што раскажуваат жителите, ова село се викало токму така во времето, но писокалите во турско време избегале од тука и се населиле во селото Чумово.

Исто така се верува дека овие краишта кријат многу турско злато. Во годините во кои Турците бегале од тука, според преданијата оставиле многу богатсво.

Утрешниот празник Св. Елена и Константин, е празник и на манастирот во селото. Уште од вечерва домаќините имаат приредено дочек за многу гости, кои утре после утринската литургија, ќе го заживеат местото и со оро и песна ќе го прослават празникот и овој мал Божји рај.

Маркукуле.мк беше во посета и ги проследи последните подготовки и спреми околу празникот и трпезата. Бевме љубезно пречекани, со насмеани лица и со благослов.

Поканети се сите добронамерници, да повелат да дојдат на молитва и ручек и да почувствуваат мал дел од овие благодети, кои искрено ги има насекаде наоколу.

13177208_1623004158022402_7991277163527256976_n

Ова е место за кое сите епитети и описи се малку доколку не се почувствува од блиску. Ова е уште еден мал Божји дар, каде ќе се исполните со живот и елан, ќе го подобрите здравјето и .ќе посакате никогаш да не заминете.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.