ФОТО ГАЛЕРИЈА: Стотици прилепчани го пречекаа Груевски

Стотици прилепчани со поздрави и аплауз го пречекаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој денеска остварува средби со граѓани во Прилеп.

 

gruevski3-640x363

Од таму Груевски најави значајни проекти за развојот на градот, а една од позначајните е новата инвестиција која ќе отвори нови 1000 вработувања.

vtora

Меѓу останатите проекти наменети за Прилеп се: Изградба на нов театар и темелна обнова на Домот за култура, Темелна обнова за спортската сала „Македонија“ каде се планира да се вложат 1,5 милиони евра.

treta

Како што наведе Груевски, предвидена е изградба на пет баскет игралишта, како и тениски терени. Посочувајќи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период вложила многу во спортот, но била и критикувана дека нема доволно финансии во оваа област, Груевски ги претстави новините од Законот за спорт и Законот за данок на добивка што ќе стапат во сила на 1 јануари.

cetv

– Со нив се дозволува дел од данокот на добивка компаниите наместо да го уплатуваат во Буџетот, да го инвестираат во спорт, рече Груевски, нагласувајќи дека максимално ќе се внимава да не се прават малверзации.

pet

– Во наредните четири години во Прилеп се планирани многу проекти во различни области, рече Груевски, посочувајќи дека се предвидени и нови фасади во Старата чаршија. 

sesta

11 12 deseta devetta osma sedma

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.