ФАНТАСТИЧНА РЕКЛАМА – Марадона и ѕвездите на Јуве и Реал во главните улоги

Диего Армандо Марадона одигра главна улога во новата реклама за мексиканското пиво Текате.

image

Бившиот аргентински фудбалер, кој се смета за еден од најдобрите на сите времиња, во овој ТВ проект ја игра улогата на Бог.

Познатиот мексикански бренд, на еден смешен начин, сака да не потсети на голот на Марадона, кој во 1986 година го постигна со рака, во финалето на Светското првенство, против Англија. Овој пат, Марадона  мораше за потребите на својот клиент, да ја затресе мрежата со глава.

Легендарниот фудбалер во рекламата го глуми Бог, кој му говори на Ное да, наместо арка, изгради фудбалски стадион.

Во рекламата се појавуваат ѕвездите на Реал Мадрид: Пепе, Тони Крос и Кејлор Навас, како и фудбалерите на Јувентус: Патрис Евра, Алекс Сандро и Андреа Барзаљи, кои учевствуваат во изградбата на новиот стадион.

Погледнете како изгледа:

A.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.