“Уште едно лажно ветување на Градоначалникот, овој пат за навивачите на Победа?” (ВИДЕО)

Прилепска Победа ќе ја започне прволигашката сезона со горчлив проблем! Прилепчани ќе немаат можност да ги следат домашните натпревари на своите миленици на домашен терен.

Работата на градскиот стадион “Гоце Делчев” е замрзната, а на стадионот на Могила нема услови.

Со нов претседател, нови фудбалери, но без можност да покажат што можат пред своите прилепчани.

На социјалните мрежи се рашири видео на кое градоначалникот Илија Јованоски во друштво со тренерот на Победа, Тони Мегленски, им ветува на навивачите и фудбалерите дека домашните натпревари нема да се играат на градски, но затоа ќе се среди стадионот во паркот на Могила.

Според она што се пишува, видеото е снимено после плеј-аут натпреварот кој Победа го играше против Борец за опстанок во Првата фудбалска лига.

Сепак, како што стојат работите, како и според најавата на прес конференцијата во понеделникот, кога Небојша Стојковиќ беше презентиран како нов претседател на клубот, Победа ќе прави напори домашните натпревари да ги игра во Битола.

Првенството стартува на 12 август, а победашите во првото коло токму во Битола ќе ги одмерат силите со Беласица.

Еве што ветил Јованоски:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.