УХМР со детална временска прогноза: Високи температури викендов, а потоа пресврт

Времето во земјава ќе биде сончево и значително потопло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја, особено во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот 9.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.

Под влијание на топла воздушна маса следува период на значително потопло време. Во следните денови во попладневните часови локално ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, понекаде и појава на град, а понестабилно ќе биде од понеделник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.