Утре во Прилеп: Пелагониско дерби во ракометната Супер Лига

_dsc6048markukule

Утре со почеток од 19:00 часот во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески-Ричко” во Прилеп, ќе се одигра мечот од 12-то коло во машката ракометна Супер Лига, помеѓу екипите на РК Прилеп и РК Пелистер.

Прилепчани натпреварот го започнуваат од седмото место на табелата со 17 освоени бодови, а Пелистер се наоѓа на третото место со 22 бода, но и натпревар помалку од РК Прилеп.

Досегашните натпревари помеѓу овие два ривали секогаш биле проследени со многу овации, навивање и тензија, па истото се очекува и утре во Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.