Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал и сопственикот

На 09.06.2026 во 12:50 часот во с.Логоварди, битолоско, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода В.Ј.(29) од с.Новаци.

Тој се сомничи дека на 08.06.2026 отишол во куќата на И.Т.(51) во с.Новаци физички го нападнал, му се заканувал и му одзел личен предмет, по што заминал.

По преземени мерки, тој е пронајден и приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.