Тимот во “Counter Strike GO” на прилепчанецот Димитар Андоноски го освои Балканот

14875027_1589971417696700_885468658_n

Tимот “Levelone” во кој покрај прилепчанецот Димитар Андоноски (NVD), членуваат уште и Анел Цековиќ (NENO), Семих Камил (osama), Јован Деребаноски (N1GHTMARE)  и Кристијан Куковски (KiLLerA), го освои првото место на балканскиот турнир во Приштина.

Во саботата во полуфиналниот меч, во амфитеатарот “TEATRI ODA”, пред 200 гледачи и повеќе од 500 луѓе кои мечот го следеле онлајн, нашите момци победија со 2:0 во мапи против домашниот тим “KOSOVA5”.

Наредниот ден во големото финале, македонските кантерџии на истата локација победија со 3:0 против “GameZone.

14877662_1589972991029876_254678924_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.