Тешко на тој што ќе станува рано утре наутро: Температурите ќе се спуштат под нулата

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат свежо време со пониски утрински температури, кои во вторник некаде ќе се спуштат некој степен под нулата.

Наутро на некои места во котлините ќе има услови за појава на магла.

Од УХМР информираат дека до средината на работната недела ќе преовладува сончево време со малку облачност на југот, а потоа ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во јужните делови, а утринските температури постепено ќе се покачат.

Во Прилеп утринската температура утре ќе се спушти до -1 степен, а дневната ќе достигне до 13 степени.

Во среда и четврток не’ очекува слично време со температури од 0 до 14 степени Целзиусови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.