Тешка сообраќајна несреќа во “Точила”, едно лице заврши на болница (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во населбата “Точила” во Прилеп, во непосредна близина на црквата “Св. Петка”.

Како што дознаваме неофицијално од очевидци, во возилото кое удрило во гаража имало едно лице, а причината за судирот била изгубена контрола, или како што велат очевидци, на возачот му излетало нешто на улицата.

Лицето се здовило со повреди и е пренесено во општата болница “Борка Талески” во Прилеп.

Повеќе информации подоцна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.