Тепачка на мајмуни со кобни последици во скопската зоолошка градина

Зоолошката градина Скопје информира дека  почина мајмунот познат во јавноста како Дино.

majmun

-На 18 декември при меѓусебен конфликт на два мајмуни од видот павијан, едниот од павијаните познат во јавноста како Дино како резултат на конфликтот се здоби со тешка повреда на предната нога. Истиот веднаш беше упатен на Факултетот за Ветеринарна медицина при што беше извршена ветеринарка интервенција за санирање на повредата. За жал, павијанот Дино не ја преживеа операцијата, соопштуваат од Зоо Скопје.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.