ТАЈНО ДОСИЕ НА ЦИА – Луѓе со надприродни моќи !

pparanormalno-696x398

Документите се објавени дури по испраќање на барањето за откривање на тајните, а поголем дел од информациите се темелат на кинески истражувања. Целиот документ на ЦИА е наречен “Chronology of Recent Interest in Exceptional Functions of The Human Body in the People’s Republic of China” и можете да го прочитате ОВДЕ.

Во документот можете да прочитате некои од заклучоцте на ЦИА. Кинеските весници, а особено весникот “Ziran Zirachi” во 1979 година, објавувале извештаи во кои се споменуваат сведоштва за некои неверојатни човечки способности. Следнаа година истиот весник организирал парапсихолошка конференција во Шангај каде учествувале повеќе од 20 истражувачки институти и универзитети од сите делови на светот. Во 1981 година постоеле стотици институции кои започнале со проучување на децата со посебни способности. Во 1982 година Кинеската академија за наука организирала јавна конференција во Пекинг.

Единствена цел била дебатата за луѓето со парапсихолошки способности. Истата година откриен е Занг Баошенг. Всушност, на еден собир на комунистичката партија во Пекинг десетици луѓе се тестирани, како би се открил некој потенцијален телепат. Големиот број од нив биле негативни, но Баошенг ги шокирал истражувачите. Тој покажал одредени парапсихолошки способности.

Следната година повторно бил подложен на истражување, но овој пат дури 19 научници биле присутни на отсекот за физика во универзитетот во Пекинг. Се утврдило дека Баошенг може да ги префрла предметите во затворени простории без да ги допре, со некоја чудна сила. Шест месеци научниците го надгледувале, а тој во неколку наврати успевал хартија да става во стаклена тегла и да ја вади надвор. Тестовите ги повторил и со мали инсекти.

Неколку години покасно, неговите моќи се снимени со камера. На некои делови од снимките може јасно да се види како Баошенг управува со своите надприродни моќи.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.