СУПЕРИОРНО! ПОЧЕТНАТА ПОСТАВА НА ЈУВЕНТУС ЗА ПРЕСТОЈНАТА СЕЗОНА!

Актуелниот италијански шампион ова лето ги направи едни од најголемите трансфери во историјата на клубот. На Алијанц Стадионот стигнаа: Кристијано Роналдо, Емре Џан, Матиа Перин, Жоао Кансело и Леонардо Бонучи.

Јувентус цели 22 години чека на освојување на Лигата на шампиони. Во последните 4 години играа два пати во финале, но и во двата наврати загубија. Управата на “бјанконерите” ова лето одлучи да направи супер постава.

Доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јуве од Реал Мадрид за 105 милиони евра е најголемиот трансфер во историјата на клубот. Португалецот со своето доаѓање во Торино го привлече вниманието на целата фудбалска јавност.

Oсвен Роналдо на Алијанц Стадионот во старото јато се врати и Леонардо Бонучи, еден од најдобрите светски дефанзивци, кој минатата сезона играше за Милан. Со Бонучи дојде и одличниот играч од средината Емре Џан, а заминувањето на Буфон, Јуве го надомести со доаѓањето на Матиа Перин.

Со Роналдо пристигна уште еден Португалец. Се работи за Жоао Кансело кој во Торино дојде за 40 милиони евра од Валенсија. Кансело минатата сезона играше како позајмен играч во Интер, каде докажа дека се работи за страшен десен бек.

Може ли Јуве до шампионската титула во Лигата на шампиони оваа година, останува да видиме!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.