Страшна сообраќајка во Прилеп: Битолско ауди однело се пред себе

1

Страотна сообраќајна незгода се случила во раните утрински часови на улицата Кузман Јосифоски – Питу во Прилеп.

Ауди со битолски регистарски таблици, неофицијално управувано од лице без возачка дозвола, со голема брзина уништило 5 возила.

Возилото најпрвин удрило во возило Шаран и комби во движење, а потоа завршило во уште три други паркирани возила, при што причинета е голема материјална штета.

Во автомобилот имало 5 лица, од кои две лица, неофицијално, завршиле со полесни повреди.

Полицијата работи на откривање на точните причини за настанување на несреќата.

7

2

3

4

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.