Средствата од Светиниколскиот турнир во мал фудбал се донираа за играчки и потребни средства за градинките во Прилеп

Средствата кои се собраа од годинешниот турнир во мал фудбал „Св. Никола“  се донираа за набавување на играчки и едукативни материјали за детските градинки „Наша Иднина“ од Прилеп. Овие средства се собрани како дел од котизацијата за учество на турнирот, дел од продадените влезници и секако дел од овие средства донираа компаниите „Прилепска пиварница“, „Тинекс“, „Комфи Ангел“ и локалната самоуправа.

_MG_0610

„Светиниколскиот турнир во мал фудбал секогаш имал хуманитарен карактер така што дел од средствата кои се собраа од турнирот и овие општествено одговорни компании како што се „Прилепска пиварница“, „Тинекс“, „Комфи Ангел“, како и другите компании од градот обезбедивме средства за да се купат играчки кои ќе бидат распределени по сите градинки. И понатаму овој турнир ќе има хуманитарен карактер, што значи средствата кои ќе се собираат ќе бидат распределени онаму каде што е најпотребно“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_0633

„Општествената одговорност е позитивен тренд во кој сме вклучени и ние односно дечињата кои се згрижени во нашата установа. Сакам да им се заблагодарам на фирмите : „Прилепска пиварница“, „Тинекс“ и „Комфи Ангел“ кои донираа играчки, едукативни и дидактички материјали за сите дечиња вклучени во детските градонки „Наша Иднина“. Исто така сакам да се заблагодарам на Општина Прилеп и градоначалникот, Марјан Ристески, затоа што средствата кои беа собрани од традиционалниот турнур во мал фудбал ги насочи за набавување на едукативни материјали и играчки за дечињата“, истакна Христина Трпческа, директор на детските градинки „Наша Иднина“ од Прилеп.

_MG_0627

Градоначалникот на Прилеп истакна дека локалната самоуправа во изминатиов период посветила огромно внимание на проширувањето на капацитетите на детските градинки и најави изградба на уште неколку нови вакви објекти.

„Исто така сакам да напоменам и тоа дека локалната самоуправа на Прилеп напорно работи во зголемување на капацитетите на градинките. Наредната недела се очекува отворање на градинката во н.м. Големо Коњари. Исто така е распишан тендерот, а откако ќе заврши веднаш ќе започне и работењето и преадаптацијата на просторот во детска градинка кој ќе функционира во состав на ООУ „Рампо Левката“. Оваа градинка ќе ги опфати децата од претшколска возраст за трите населби : „Тапани“, „Чачорица“ и „Корзо“. Капацитетот на оваа градинка е околу 100 деца и се надевам дека до крајот на мај ќе бидат комплетно завршени градежните активности. Во соработка со Владата се работи исто така и за изградба на поголеми градинки во Прилеп. Пронајдени се локации, се работи на проектите. Оваа година се надевам дека ќе започне изградбата на градинката од голем обем во населбата „Точила“, а исто таква градинка е предвидена во населбата „Рид“, додаде Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_0595

Ристески потенцираше и тоа дека веќе се работело и на проекти за изградба на дисперзирани градинки во одредени населби.

_MG_0577

_MG_0599

_MG_0605

_MG_0612

_MG_0618

_MG_0621

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.