Спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” блесна во полн сјај – ФОТО

3

Спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” e четврта училишна сала која се изгради во Прилеп, како дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 145 училишни сали.

Откако неодамна заменик министерот за образование Спиро Ристовски изврши увид во градежните работи, денес салата целосно е опремена со спортска опрема и реквизити.

Наскоро истата ќе се стави во употреба и ќе биде добредојдена за учениците во новата школска година.

Со изградбата на овие четири спортски сали во Прилеп значително се подобрија условите за спортување и се овозможи непречено одвивање на наставата по физичко образование во училиштата.

7

1

2

4

5

6

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.