Со целиот државен врв, вoeн оркестар, гарда… Бугарија го славеше роденденот на Делчев, а ние полагаме само цвеќиња (Видео)

Фејсбук објава на Богдан Илиевски (Бетмен велит)

-Во Бугарија државниот врв учствуваше во прослава со воени почести на роденденот на Гоце Делчев, а кај нас Бугар Османи вели дека декларација во која има предлози до институции да направат симболични и културни одбележувања на делото на Делчев биле проблематични. Уште повеќе мојот сограѓанин Јово Митрески декларацијата за Делчев ја нарече срамна (Господи помилуј, Господи помилуј, Господи помилуј). Стево го нарече Петков Мендела! Таче си се ладеше во Брисел.

А Киро Петков и Радев во Благоевград славеа како Левски да има роденден. Неколку часа откако Петков напиша во „мендела“ фазон дека Делчев бил бугарски револуционер.

Да цртам уште? Или јасни се нештата?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.