“Со маки сум се родила”: Вања Лазарова остави белег засекогаш – почивај во мир!

Вања Лазарова е едно од најпознатите и најуспешните имиња на македонската сцена, која засекогаш остави белег во македонската музика.

 

1 (1)

Родена е на 27. април 1930 година во селото Срацин, Кратовско, во музички надарено семејство. Нејзиниот татко бил пратеник од времето на Кралството Југославија. По завршувањето на учителското училиште, станала игроорка во „Танец“. Подоцна била учителка во оркестарот „Пеце Атанасовски“ каде на своите ученици им ја пренесувала љубовта кон музиката.

Вања ќе остане запаметена како македонска пејачка на изворни народни песни и воопшто, доајен на македонската народна музика.

Пеела со различни фолклорни ансамбли. Била член на ансамблот на Македонската радиотелевизија, а има настапувано и со Македонската филхармонија. Таа е првата македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи Poligram и Philips. Добитник е повеќе меѓународни музички награди.

Голем е нејзиниот придонес во музиката од филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски кој доби награда „Златен лав“ на фестивалот во Венеција во 1994 г.

„Со маки сум се родила“, „Петро Петроленко“, „Многу ми го фалат бабо“, „Параходот ми замина“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Во ливаѓе ладен извор има“ се само некои од песните кои ги има отпеано и снимено.

Почивај во мир легендо!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.