Со денови гopи цело Пелагониско поле: Се палат стрништата и покрај апелите од пожapникарите (ФОТО)

Дали ќе помине една година без оваа слика низ полињата во Пелагонија? Со денови се горат стрништата, без притоа да се размисли какви се последици можат да се предизвикаат.

Ваква беше сликата вчера во близина на прилепско Алинци, а ништо поразлично не е низ цело Пелагониско поле.

Пред два дена од ТППЕ Прилеп информираа, дека во изминатиот период пријавени биле повеќе од 20 настанати пожари на отворен простор на запалена сува трева, стрништа, отпадни материјали и слично.

-Во пожарите биле загрозени и објекти од типот на викенд куќи, магацини или други помошни станбени објекти.

При чистење на земјоделските површини за претстојната сезона особено да се внимава да не се предизвика пожар со што би се загрозило здравјето, животот и безбедноста на нашите сограѓани како и да се внимава да не се предизвика и било каква материјална штета на блиските објекти.

Затоа упатуваме еден јавен апел до сите граѓани на општина Прилеп и останатите општини како Кривогаштани и Долнени каде што интервенира ТППЕ Прилеп, да се постапува внимателно и да не се палат огнови на отворено! – велaт од ТППЕ Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.