Сопpyгот на екc министepката Дecкoвcка: “3намето co Coнцето од Bepгина не е македонcко, тpeба да се ocлободиме од овoj гpчки cимбол”

Тони Дескоски, професор по меѓународно приватно право и по меѓународно арбитражно право на Правниот факултет „Јустинијана Прима“ во Скопје, смета дека сонцето од Кутлеш е „најголемото подметнување на македонизмот“.

“Знамето со Сонцето од Вергина не е македонско национално знаме. Само три години беше државно и тоа беше една од најголемите грешки. Тој симбол не го познавале ни Илинденците, а ни партизаните во НОБ. Тоа знаме е најголемото подметнување на македонизмот. Треба сложно да го отфрлиме и да се ослободиме од овој грчки симбол. Грците нека си ги величаат своите симболи“, коментира сопругот на донеодамнешната министерка за правда Рената Дескоска под објавата на Фејсбук на еден од основачите на организацијата Македонски национален совет, Роберт Милески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.