Солзите на вардарки болат како илјада рани! Македонија треба да биде горда на вас! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Вардарки не успеаа да му се одмаздат на Ѓер и оваа година во финалето на Лигата на шампиони и одново се поразени во најважниот меч за сите нив.

Во драматични 60 минути плус продолжение, црвено-црните девојки се бореа посветено со силното темпо и жестокиот притисок на арената во Будимпешта.

Сепак на крајот вардарки беа поразени со 27:26, а Македонија ќе жали што оваа генерација после овој натпревар се разидува и којзнае кога одново ќе се повтори.

На крајот од мечот нашите девојки беа целосно скршени, а нивните солзи не болат сите нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.