СЛЕДЕТЕ ГО ВО ЖИВО ОДБРОЈУВАЊЕТО ДО ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ДОНАЛД ТРАМП ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД (ВИДЕО)

Доналд Трамп стана 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави откако ја победи во изборната трка неговата противкандидатка, демократката Хилари Клинтон. Со оваа победа стави крај на осумгодишната доминација на демократите во Белата Куќа.

trumpinauguration-ap

Доналд Трамп извојува убедлива победа против Хилари Клинтон и најави започнување на нова, “американска ера”. Водејќи се со мотото “Да ја направиме Америка голема повторно”, успеа да победи и тоа не само против Хилари, туку и против нејзините донатори и  “демократски избалансираните” американски  медиуми.

„Ќе се согласуваме со сите држави кои сакаат да се согласат со нас. Сакам да му порачам на светот дека иако секогаш ќе ги ставаме сопствените интереси на прво место, ќе ги уважуваме интересите буквално на сите. Ќе бараме партнерства а не судири“ изјави Трамп по победата.

САД утре и официјално ќе го претстават новиот претседател, републиканецот Доналд Трамп. Иако изборите се одржаа на 8 ноември, според Уставот на САД, свечената инаугурација ќе се одржи утре на 20 јануари.

На инаугурацијата ќе присуствуваат најголемите светски лидери, бизнисмени и други важни луѓе, а како што најави Трамп на Твитер, тој очекува рекорден број на луѓе на неговата инаугурација.

Кристофер Гералд, шефот на безбедносната служба, рече дека се очекува на свеченоста да присуствуваат од 800.000 до 900.000 луѓе.

Во пресрет на свечениот настан, организирани се платени протести против новиот претседател. Како што пренесуваат некои американски медиуми, протестите ќе имаат цел да ја прекинат инаугурацијата.

Од друга страна пак, американските моторџии најавија дека се подготвени да направат “жив штит” за да ги заштитат граѓаните кои ќе присуствуваат на претставувањето на новоизбраниот претседател.

Следете ја во живо на МАРКУКУЛЕ свечената инаугурација на Доналд Трамп:

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.