Погледнете ја одбраната на Кирил Колев во последната минута која го елиминираше Исланд (ВИДЕО)

32287183401_6d72c0c78b_z

Македонија се пласираше на третото место на табелата во групната фаза на Светското првенство во Франција и ја избегна Франција во осминафиналето на турнирот.

Најзаслужен за ремито од 27:27 против Исланд беше голманот Кирил Колев со 13 одбрани на голот на Македонија.

Нашиот голман беше вистински октопод и голем проблем за Нордијците.

Колев во последната минута фати и жива топка со која спречи ново водство на Исланд и голема радост кај сите Македонци.

Погледнете ја оваа маестрална одбрана на Кирил Колев:

Видео: Ракометни Вести

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.