Се урна авион во Колумбија: Загинаа фудбалери од Бразил

Авион со 72 патника и девет членови на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.

731358

Засега не се знае бројот на евентуални жртви, но според западните медиуми шестмина бразилски фудбалери ја преживеале авионската несреќа. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, а преживеаните веднаш биле пренесени во болница.

2

 

– Веројатно авионот останал без гориво, изјавил Елкин Оспина, градоначалник на блискиот град Ла Цеха.

Поради лошите временски услови до местото на несреќата може да се стигне само по копнен пат, се наведува на Твитер налогот на аеродромските власти.

3

Фудбалерите на бразилскиот клуб „Чапокоензе“ требале утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.

– Ова е огромна трагедија, истакна градоначалникот на Меделин, Федерико Гутирес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.