Се подготвува нешто големо?! Дали е ова знак дека Нејмар се сели во Реал Мадрид?!

Во светот на фудбалот долго време се зборува дека Нејмар ќе го напушти ПСЖ каде не се чувствува најдобро, а најверојатно следува повраток во Шпанија…

Фантастичниот Бразилец  заработи незгодна повреда поради која не игра цела пролет. Неговото опоравување може да се следи на неговиот Инстаграм профил каде редовно објавува разноразни видеа.

Но, сега теоретичарите на завери “добија знак” дека Нејмар е многу блиску до Реал Мадрид. Овие денови на Инстаграм се случи нешто интересно. Вниманието на јавноста Бразилецот го привлече додавајќи нова личност на листата на луѓе кои “ги следи”.

Meѓу избраните 735 се најде и капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос. Според теоретичарите, не е случајно токму сега кога неговото име се поврзува со заминување од ПСЖ да го заследи токму него.

Во медиумите редовно се пишува дека Реал Мадрид веќе планира неверојатни 260 милиони евра за Нејмар. За многумина ова е “знак” дека нешто се подготвува на таа релација.

Нејмар моментално е во последна фаза од опоравувањето, а се претпоставува дека ќе се врати на теренот пред крајот на сезоната и дека ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.