СЕ ОДРЖА ЧЕТВРТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

krivogastani

Синоќа во спортската сала на ОУ Манчу Матак во Кривогаштани се одржа четвртата форумска сесија од програмата форуми во заедницата, каде се заокружи една целина со сите предлози за реализација на повеќе проекти. Се она што досега беше сработено на сите четири форумски сесии, се она што го предложија жителите на општината во наредната петта сесија ќе биде ставено на гласање, односно секој присутен граѓанин кој што присуствувал на најмалку три форумски сесии има право на глас, глас со кој ќе даде приоритет на реализација на одреден проект во рамките на општина Кривогаштани, со што ќе се заокружи една целина од форумскиот процес која веќе на шестата и последна сесија која ќе се одржи наредната 2016 година ќе биде разгледан и оценет во зависност од се она што е реализирано а предвидено низ целокупниот форумски процес кој го реализираше општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.