Се очекуваат обилни врнежи од дожд, еве ги препораките

dozhd-500

Кооринативното тело за управување со кризи информира (според информаците добиени од УХМР) дека во наредните денови под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот се очекува врнежи на дожд и над 40л/м2. Пообилни врнежи се очекува во северозападниот дел на земјата, а на повисоките планини и повремен снег.

Координативното тело за управување со кризи упатува препораки до ЕЛС и Градоначалниците, ДЗС, ЦУК, ЕВН АРМ и МВР.

-градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,
-градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,
-градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,
-градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,
-континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.
-ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,
-сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,
-припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција
-возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,
-апел до месното население да помага и да се активира.
Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.