Еве како е урнат рускиот авион над Сирија (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин во врска со инцидентот рече: Турција и’ забоде нож во грбот на Русија со соборувањето на рускиот авион кој трагаше по терористи.

Avion-620x350

Руските медиуми објавија снимка од реконструкција на соборување на рускиот авион Су-24, кој над Сирија го урнаа турски авиони Ф-16.Рускиот претседател Владимир Путин во врска со инцидентот рече: Турција и’ забоде нож во грбот на Русија со соборувањето на рускиот авион кој трагаше по терористи.По овој повод се огласи и Пентагон соопштувајќи дека денешниот упад на рускиот авион претставува самостоен чин на Анкара, а не делување на коалицијата на која и’ припаѓа САД.

Турција денеска го собори рускот авион на границата со Сирија, затоа што, како што тврди турската војска, авионот го нарушил воздушниот простор на Турција, иако повеќе пати бил предупреден за тоа. Од друга страна, руското министерство за одбрана истакнува дека рускиот авион не го нарушил турскиот воздушен простор.

Погледнете како е соборен рускиот авион:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.