Руското министерство одлучи! Ова се најопасните оружја во денешно време!

Руското министерство за вонредни ситуации направи список на оружја кои би можеле да бидат опасност за Русија и другите земји во светот. Еве за кои оружја се работи:

1.Ласерско оружје

Ова оружје користи принципи на емитување оптичка електромагнетна енергија.

Без оглед на фактот дека ласерите во секојдневието, па и во војската се користат одамна, дури неодамна научниците започнаа да креираат ефикасни воени системи на основа на тој тип на оружје.

Оваа година, Американците тестираа ласерски топ на морска платформа, а Русија, исто така, работи на овој тип на наоружување.

2.Mикробраново оружје

Ова оружје како главен фактор користи суперсилно електромагнетно емитување на микробранови од три до 30 гигахерци.

Тоа оружје е најефикасно против електронски противници, кои се наоѓаат на објектите од државната и воената управа.

Во летото 2015 година се појави информација дека во Русија е направена нова врста на оружје кое е во состојба да исфрли од строј непријателски авиони, беспилотни леталици, како и високопрецизно оружје.

3.Генетско оружје

Ова оружје е наследник на бактериолошкото, а го сочинуваат технологии кои се занимаваат со процесите на управување на организмите.

Генетскиот инженеринг е во состојба да направи спојување на гени кои не се само корисни за живите организми, туку можат да користат и за нивно убивање.

Ова орижје делува врз објект со силна радијација или рендгенско зрачење.

4.Геофизичко оружје

Дејството на ова оружје подразбира напади по пат на природни процеси, но истите се вештачки предизвикани. Се мисли на громови, земјотреси и цунами.

Без оглед на тоа што постојат информации дека САД веќе извршиле такви експерименти – на пример во Виетнам, поголемиот број експерти се сомневаат дека е возможно да се предизвика земјотрес и цунами во одреден дел на Земјата, пишува “Руски весник”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.