РК Охрид први на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

6

РК Охрид најдобри на првиот Меморијалeн машки ракометен турнир „Миле Нешкоски“. Второто место го освои екипата на РК Радовиш, а како трета се пласира екипата на РК Пелистер од Битолa. Градоначалникот Марјан Ристески им го додели пехарот на најдобрите и им посака уште многу победи во сезоната. За најдобар стрелец на Меморијалниот машки ракометен турнир „Миле Нешкоски“ беше прогласен Стефан Дрогишки од РК Пелистер, пехарот за најдобар играч му припадна на Јосип Кежиќ од РК Охрид, а за најдобар голман беше прогласен Милош Рајичиќ од РК Прилеп.
Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ беше во организација на прилепскиот ракометен суперлигаш, РК Прилеп во чест на прерано починатиот ракометар и македонски ракометен репрезентативец, кој важеше за синоним на врвен ракометен спортист и ракометен работник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.