Протоереј Љупче Петрески: ПРИЛЕПЧАНИ И „ДЕЦАТА НА ЕУтаназијацијата“ – Опцијата #Бојкотирам ќе победи!

“Ако може да се суди според посетеноста на денешниот „митинг“ на СДСМ (со знаме од Граѓанската иницијатива „ЗА“) во Прилеп, на кој говореа министрите Н. Димитров и О. Спасовски, градоначалникот Илија …. но и според посетеноста на првиот „митинг“ на кој говореше мин. Шекеринска (и некој платеник, оти ние ги плаќаме да дојдат и да ни солат памет, од странство, веќе не паметам кој беше оти цела Европа и пола Америка се изредија) тогаш слободно и со радост можам да речам дека на предстојниот референдум ќе победи опцијата #бојкотирам.

И покрај сите усилби, притисоци и терминот на одржување (сабота е пазарен ден во Прилеп) на митингот немаше повеќе од двестотини луѓе, од кои речиси сите беа членови на СДСМ, па имаше камерани, „фоторепортери“, „свитите“ на градоначалникот и „почитуваните“ гости ем говорници и по некој граѓанин на Прилеп. Тие седеа на посебни места на неколкуте клупи. Слатки беа оние голобради момчиња и девојчиња облечени во исти маички кои кога мин.

Димитров праша: Ќе не биде ли? – тие во хор извикуваа: Даааа! Кога го спомнаа ВМРО-ДПМНЕ тие веднаш: Уааа! Се прашувам дали имаат вежбано?

Нејсе! Нив можам да ги разберам, млади се, од партија им ветуваат триста чуда и најбитно, немаат развиено никакви национални чувства, ама не можам да ги разберам овие што ги „иткаат“ и подлажуваат.

Гревот да им го берите! Јас сум од генерацијата т.н. „деца на транзицијата“ создадена од СДСМ, и сега повторно СДСМ создава нова генерација. Како ли ќе се вика? „Деца на ЕУтаназијацијата“?

Како и да е. Имам едно прашање: После оваа ненормално агресивна кампања по електронските медиуми и социјалните мрежи,после еден одржан „митинг“ во Прилеп, зарем на прилепчани им требаше уште еден „митинг“? Зарем сега мин. Димитров кажа нешто поразлично од Шекеринска? Секако дека не! Значи или сметате дека првиот поминал лошо и немало ефект па сега да се обидете повторно или сметате дека прилепчани се приглупи па треба со „инка да им турате“ за да се кандисаат да излезат да гласаат?

Едно да знаете: прилепчани се се’, само не приглупи, и тоа Ви го покажаа!
p.s. Дојтете пак, можеби ќе ги убедите!”

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.